Каталонската полиција утрово затвори две железнички линии на главната железничка станица во Барселона откако во скениран куфер било откриено можно експлозивно средство.
На станицата се испратени пиротехничари.
– Добивме дојава околу 8 часот. Безбедносната служба(на железничката компанија)Адифа забележала предмет на скенерот во облик на можно експлозивно средство во куфер. Продолжуваме со проверката – објави полицијата на Твитер.
Два воза се евакуирани.