Најмалку осум лица загинаа во денешната експлозија во еден од магацините за складирање на муниција во близина на Кејптаун, соопшти градската служба за пожари и спасување.
– Засега не се познати причините за експлозијата. Во моментов, на самото место, има 15 пожарникари со три противпожарни возила, изјави портпаролот на таа служба Тео Лејн.
Локалните медиуми објавија дека чадот може да се види неколку километри од местото на несреќата.
Фабриката за муниција Рајнметал Денел Мунишн е специјализирана за развој, проектирање и производство на муниција со среден и голем дострел.
Таа е во мнозинска сопственост на германската компанија Рајнметал Вафе Мунишн, додека 49 отсто е во сопственост на јужноафриканската компанија Денел Сок лимитид.