Египетски суд денеска осуди 65 лица за кои се верува дека се екстремисти и членови на терористичка група, кои изразиле лојалност кон ИД.
Со пресуда, 18 од нив беа осудени на доживотен затвор, 41 на 15 години затвор и шестмина до пет години затвор. Две лица се ослободени.
Од 67 обвинети, 43 се во притвор, додека другите, меѓу кои и две жени се во бегство.
Обвинителите изјавија дека групата имала ќелии во шест провинции и дека лицата биле обучени да користат оружје и експлозиви.