Двајцата новинари на „Ројтерс“ кои беа уапсени во Мјанмар при известување за кризата во Рохингја денес се ослободени. Ва Лоне (33) и Кја Сое Оо (29) добија амнестија од претседателот на државата, откако минаа повеќе од 500 дена во затворот во близина на градот Јангон, јавува Би-би-си.
Тие беа обвинети под Официјалниот акт за тајни и осудени на седум години затвор минатиот септември. Нивното апсење предизвика силни реакции во светски медиуми и беше видено како напад на слободното новинарско известување, а отвори и прашања демократијата во Мјанмар.
Новинарите беа ослободени заедно со илјадници други затвореници како дел од масовната амнсестија која годишно се случува во Мјанмар.
По излегувањето од затвор, Ва Лоне изјави на Би-би-си дека никогаш нема да престане да биде новинар.
– Навистина сум среќен и возбуден повторно да го видам моето семејство и колегите. Не можам да дочекам да се вратам во мојата редакција – кажа новинарот.
Главниот и одговорен уредник на „Ројтерс“ изјави дека репортерите кои минатиот месец ја добија престижната Пулицерова награда за известување, станале симболи за слободното новинарство.