Четири лица загинаа, а две се повредени во пукање во близина на мексиканската претседателска резиденција во историскиот центар на главниот град, соопштија официјални претставници.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор не бил во близина за време на инцидентот бидејќи во саботата отпатувал во југоисточниот дел на земјата.
Полицијата на Мексико Сити соопшти дека првите извештаи покажуваат оти вооружен маж влегол во зграда во близина на националната палата, која секојдневно ја користат владиниот персонал и новинарите.
Откако бил запрен од две лица во зградата, човекот извадил пиштол и почнал да пука, а кога пристигнала полицијата пронашла четири лица со прострелни рани како лежат во дворот на зградата, по што пукале кон напаѓачот.
Медицинските екипи по пристигнувањето утврдиле дека напаѓачот е мртов, заедно со уште две лица, а еден од повредените починал на патот кон болница.
Повеќе од сто полицајци брзо по нападот пристигнале на местото на инцидентот и ги блокирале улиците околу резиденцијата.