Заменик шефот на персоналот на Белата куќа, Џо Хегин, кој раководеше со тимот задолжен за организација на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур, понесе оставка.
Според извори во Белата куќа, Хегин ќе ја напушти должноста на 6 јули, затоа што планира да продолжи со работа во приватниот сектор.
Повлекувањето на Хегин го потврди и самиот Трамп, кој оцени дека тој бил многу значаен член на неговата Администрација.
– Тој го испланира и реализира едно од најдолгите патувања во странство во историјата на кое заминал еден претседател и тоа го направи совршено. Му благодарам затоа што одлично и служеше на нашата голема земја – нагласи Трамп.