Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека побарал темелна истрага за несреќата што се случи на Дунав во Будимпешта, во која загинаа најмалку седум туристи од Јужна Кореја.
-Сите сме потресени, несреќата се случи на место каде што патниците немаа шанса да преживеат. Побарав од властите да спроведат стриктна и темелна истрага- изјави Орбан за државното радио, објави „Ројтерс“.
Несреќата се случи во средата вечер кога туристички брод за разгледување на градот од вода се судри со голем крузер при што загинаа седум лица, исчезнаа 21 лице, а седум лица се повредени.