Хлороводородна киселина истече утрово во индустрискиот дел на Франкфурт, поради што локалните власти го повикаа населението да ги затворат вратите и прозорците.
Покрај тоа, затворен е сообраќајот во две населби во близина на местото каде што се случил инцидентот.
Како што пренесуваат локалните медиуми, камион со киселина се превртел по што од цистерната започнала да истекува опасната материја.
Пожарникарите успеале да го запрат истекувањето и ситуацијата е сега стабилна.
Хлороводородната киселина е широко распространета во индустриската употреба и со неа мора да се ракува многу внимателно бидејќи е многу корозивна течност.