Поради ескалација на борбите во југозападна Сирија, последните две недели бројот на раселени лица во тој дел од земјата се искачи над 270.000, изјавија претставници на Обединети нации во Јордан.
– Нашите последни податоци покажуваат дека бројот на раселени ширум југозападна Сирија надмина над 270.000 лица, изјави портпаролот на Комисијата на ОН за бегалци, Мохамад Хавари.
Сириската армија на 19 јуни почна офанзива во провинцијата Дара, која се наоѓа на границата со Јордан и Голанската Висорамнина. Сириската армија напаѓа цели, пред се во источниот дел на провинција Дара, а потоа извршува напади врз истоимениот град, врз квартовите под контрола на бунтовниците.
Судирите во Сирија почнаа во 2011 година со мирни протести против режимот на претседателот Башар ал Асад, кои прераснаа во вооружен бунт и граѓанска војна, во која досега загинаа речиси половина милион луѓе.