Канцеларијата на Обединети нации за бегалци и мигранти апелира до јужноамериканските држави да го олеснат влезот за луѓето од Венецуела, која се соочува со економска и политичка криза.
ОН изразија загриженост поради барањето на Еквадор и на Перу преку граница да можат да поминат само тие лица кои имаат нови пасоши, а ги пофалија земјите кои прифатија над 1,5 милиони Венецуелци кои заминаа од земјата од 2015 година.
– Критично е да се воведуваат нови мерки за тие кои бараат азил и на кои им е потребна меѓународна поддршка и заштита, посочи високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.