Повеќе од 920.000 лица се раселени во Сирија за време на првите четири месеци од 2018 година. Тоа е највисоко ниво во седумгодишниот конфликт, соопшти ОН.
– Гледаме масовно раселување во Сирија … Од јануари до април имаше над 920.000 ново раселени лица, изјави во Женева Панос Мумцис, регионален хуманитарен координатор на ОН за Сирија.
– Од почетокот на конфликтот, тоа е највисокото раселување за толку кус период, рече тој.