На организациите што пружаат помош во Сирија им се потребни 150 милиони долари за да го олеснат животот за околу 250.000 луѓе кои се раселени за време на офанзиви на сириската Влада и силите предводени од Турција, изјави Али ел Затари, координатор на ОН за Сирија.
– Финансиска помош доаѓа ама е под потребното ниво – изјави тој.
Во источна Гута најмалку 80.000 луѓе побегнале поради офанзивата на сириската армија каде во изминатите недели илјадиници луѓе загинаа во воздушни и копнени напади.
Според Ел Затари, 50.000 Сиријци и понатаму живеат во скривалишта. Најмалку 180 илјади се раселени откако турските сили го зазедоа Африн што беше под контрола на Курди.