Поплавите и свлечиштата, предизвикани од обилните дождови во западниот дел на Јапонија, однесоа животи на 156 лица, соопшти јапонската влада.
Тоа е најголема катастрофа, поврзана со метеоролошки феномен на архипелагот, од 1982 година.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе утре ќе ги посети засегнатите региони, изјави портпаролот Јошихиде Суга.