Во исто време додека гореше катедралата Нотр Дам во Париз, пожар изби и во светата џамија Ал-Акса во Ерусалим, пренесува „Њузвик“.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои може да се забележи како пламени јазици го голтаат објектот наречен Марвани во светата џамија Ал-Акса во Израел, место кое се користи како молитвена соба. Палестинската новинска агенција потврди дека пожарот избил во собата на стражарот, а потоа и бил ставен под контрола од исламската противпожарна бригада Вакиф.
طواقم الإطفاء تخمد حريقاً اندلع على سطح المصلى المرواني في المسجد الأقصى. pic.twitter.com/CVx8X7nx4N
— المركز الفلسطيني للإعلام (@PalinfoAr) April 15, 2019
Се смета дека џамијата Ал-Аска е третото најсвето место на Исламот и кое се наоѓа на средината на постоечкиот арапско-израелски конфликт, но поради поголемите огнени јазици во Нотр Дам, очите на јавноста беа насочени кон Париз.
Објектот е лоциран во Стар Град, населба во источен Ерусалим, иницијално окупиран од Јордан за време на арапско-израелскиот конфликт во 1948 година, но подоцна и преземен од земјата за време на втората војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година во стратешки потег кој не беше одобрен од меѓународната заедница, иако на монархијата во Јордан и беа доделени права за користење на сите свети исламски места.
Претседателот на САД Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел во декември 2017 година, потег со кој директно се отфрлаат полагањата на правата за градот на палестинците, чекор кој го воземири широкиот меѓународен консензус, констатираат од „Њузвик“.
Сè уште нема официјално објаснување за двата пожари, и за тој во Париз и за тој во Ерусалим, иако француските медиуми сугерираат дека пожарот во катедралата Нотр Дам можеби бил предизвикан поради неодамнешните реновирања.