Oд денеска стапуваат на сила дополнителните царини од 15 проценти за кинеските производи во вредност од повеќе милијарди долари.
Претседателот на САД, Доналд Трамп одговарајќи на новинарско прашање дали е можно да се одложи примената на дополнителните царини рече дека тоа не е можно, бидејќи тие се одобрени.
Дополнителните 15 отсто царини се однесуваат на дел од кинеските артикли во вредност од 300 милијарди долари од секторот на прехрана, текстил и мебел.