Во Париз во петокот се одржаа демонстрации на активисти за заштита на животната средина, кои бараа француските власти да прогласат еколошка криза, пренесува „Спутник“.
Едно видео од акција на полицијата за време на мирниот протест ги разбранува страстите кај француската јавност.
Имено, додека демонстрантите мирно седеле на улицата, уследила немилосрдна реакција на полицијата. Полицајците со солзавец прскале директно во очите на еколошките активисти, а потоа грубо и со влечење ги отстраниле од местото на протестот.