Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на гласањето се изјаснија 322 пратеници, додека 306 беа против.
Со усвојувањето на амандманот на пратеникот Оливер Летвин се наложува одлагање на донесувањето конечна одлука, додека не се усвои посебен закон за договорот.
Иако тоа значи дека премиерот Бори Џонсон треба да побара одлагање на датумот за излез на Велика Британија од ЕУ, претседателот на британската Влада им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање.
Тој нагласи дека предлог законот за договорот за излез на Британија од ЕУ ќе го испрати во парламентот следната недела, за да се избегне ново одлагање, тврдејќи дека законот на тоа не го обврзува.
Сепак, според таканаречениот Бенов закон, премиерот мора да побара продолжување откако пратениците денеска не го одобрија договорот.
Законот за спроведување на договорот технички би требало брзо да се сработи, овозможувајќи и на Велика Британија до договорениот рок – 31 октомври, да ја напушти ЕУ.