Каталонскиот регионален Парламент му го одзеде пратеничкото место на претседателот на провинцијата Квим Тора, бидејќи не ги почитувал шпанските строги правила за изборна пропаганда.
Овој потег веројатно ќе предизвика гнев меѓу приврзаниците за независност на Каталонија, кои сметаат дека станува збор за неправедна одлука, пренесе „АП“.
На Тора ќе му биде дозволено да остане шеф на регионалната Влада на Каталонија.