Полицијата го именуваше човекот кој загина во експлозијата пред болницата во Ливерпул и изјави дека се работи за 32-годишниот Емад Ал Свелмин, пишува Би-би-си.
Претходно, властите ја оквалификуваа вчерашната експлозија во такси како терористички напад.
Во експлозијата загина патникот во таксито кој носел импровизирана експлозивна направа. Повреден е и таксистот кој е прогласен за херој бидејќи усеал да го заклучи патникот во возилото.
Таксистот Дејвид Пери успеал да побегне пред експлозијата, а властите нагласија дека во крајно напнатата и опасна ситуација тој постапил со неверојатна храброст.
Пери е пуштен од болница и сега закрепнува дома, пишува „Скај њуз“.
Полицијата во врска со инцидентот уапсила уште четворица мажи на возраст од 29, 26, 21 и 20 години.