Министерството за правда на САД објави преглед на сослушувањата и е-поштата на лицата кои се вклучени во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводно руско мешање во претседателските избори во 2016 година, по судска одлука од спор со Си-Ен-Ен и со „БузФид Њуз“.
Како што пренесе „Ројтерс“, објавените документи на 500 страници вклучуваат разговори со Рик Гејтс, поранешниот заменик за изборната кампања на претседателот Доналд Трамп и со Стив Банон, поранешен претседателски советник.
Документите вклучуваат и е-маил кореспонденција меѓу Банон и Џаред Кушнер, висок советник на Трамп и зет, како и „предлог за добивање“ и анализирање на е-пошта од поранешниот државен секретар и подоцна и противкандидат на претседателските избори, Хилари Клинтон.
„БузФид Њуз“ повикувајќи се на Законот за слобода на информирање побара да им се овозможи увид во сите документи поврзани со истрагата на поранешниот директор на ФБИ, Малер.