Победата на Берни Сандерс во Њу Хемпшир претставува пресвртница во демократската политика
На сенаторот Берни Сандерс (78) му беше потребна една недела да постигне подвиг каков што не успеа да оствари во текот целата негова претседателска кампања пред четири години. Демократскиот социјалист од Вермонт, барем засега, е прв фаворит за претседателската номинација на Демократската партија, пишува „Атлантик“.
Победата на Сандерс на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир, во комбинација со силната завршница во Ајова, како и со зголемувањето на популарноста во националните анкети, го става на врвот, пред трката да продолжи во Невада и во Јужна Каролина.
Во поновата историја на американската политика, ниту еден кандидат така цврсто позициониран кон левицата, немал толку добра позиција за добивање на номинацијата на Демократската партија.
Сандерс победува на изборите во Вермонт како независен кандидат, постојано одбивајќи го етикетирањето на партијата која има цел да ја предводи. Неговиот подем кон врвот на полето исполнето со мејнстрим кандидати, може да сугерира на значителна промена во мислењето на гласачкото тело.
Во Ајова и во Њу Хемпшир, говорот на Сандерс за револуција ги надгласи апелите на Џо Бајден за враќање кон нормала во ерата на Доналд Трамп, а неговата платформа претставува вид на прогресивна политика со која највозрасниот кандидат преовладува, наспроти изобилието на помлади разновидни опции.