Делегации на Кина и на САД ќе се сретнат денеска и утре во Шангај за обновување на трговските преговори.
Како што информираат светските агенции, ова се првите тет-а-тет разговори од примирјето во трговската војна меѓу двете најголеми светски економии, кое претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг го договорија на средбата на Форумот на Г20 во Осака.
Сепак, очекувањата за постигнување напредок се мали, но можно е барем да се расчисти патот за идни преговори.
За повеќе од една година, двете најголеми економии во светот воведоа меѓусебни давачки за увозот за милијарди долари.