Во Нов Зеланд се подготвува убивање на околу 150.000 грла добиток со цел искоренување на болеста предизвиката од бактеријата Mycroplasma bovis.
– Тоа е тешка одлука. Никој не сака да види масовно колење – изјави премиерката Јажинда Ардерн.
Алтернатива за оваа одлука е да се дозволи инфективната болест да се прошири низ целата земји и да загрози десет милиони грла добиток на повеќе од 20.000 фирми каде што се произведува месо и млечни производи.
Убивањето на околу 126.000 грла добиток со 26.000 чие отстранување е во тек, ќе се случи во текот на следните 24 месеци. Болеста првпат беше откриена во јули минатата година на фарма на јужниот остров и од тогаш се прошири на 37 фарми низ целата земја.