Граѓаните на Нов Зеланд изгласаа легализација на евтаназијата, покажуваат прелиминарните резултати од референдумот одржан кон средината на октомври.
Според тие резултати, 65,2 проценти од граѓаните го поддржале предлогот за закон за избор на крај на животот, кој сега треба да стапи на сила како нов закон.
Со ова се овозможува смртно болните лица, кои немаат повеќе од шест месеци живот, да умрат со помош, доколку тоа го одобрат двајца лекари, пренесува Би-би-си.
Како што е наведено, законот ќе стапи на сила во ноември 2021 година.
Со усвојувањето на овој закон, Нов Зеланд ќе се приклучи на мала група на земји кои ја поддржуваат евтаназијата, како што се Канада и Холандија.