Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд се зголеми на 19, откако синоќа почина уште едно лице во болницата во Окланд, соопшти локалната полиција.
Во моментот на ерупцијата на вулканот на 9 декември, на островот имало 47 лица, од кои 13 починале веднаш, додека повеќе од 20 беа хоспитализирани со изгореници, пренесе „АП“.
Досега не се пронајдени тела на две лица за кои постои сомнеж дека исчезнале во морето по ерупцијата.