Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн и министерот за надворешни работи Винстон Питерс порачаа дека би протерале руски шпиони од државата, кога би успеале да ги пронајдат, пренесуваат британските медиуми.
Повеќе од 100 руски дипломати беа протерани од западните држави под сомнение дека се шпиони, по обвиненијата на Лондон за вмешаност на Русија во труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во англискиот град Салсбури на 4 март.
Владата на Нов Зеланд го осуди нападот, поддржувајќи ги дипломатските мерки, но порача и дека нема „руски разузнавачки агенти“ во државата, додавајќи дека ќе разгледа преземање на можни чекори за давање на поддршка на меѓународната заедница.
Министерството за надворешни работи на Нов Зеланд го повика рускиот амбасадор во Велингтон, за да му ја соопшти загриженоста за случајот Скрипал, со цел тој да ја пренесе на истата порака во Москва.