Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и 44 илјади војници за да се справат со огнените стихии.
Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ), изминативе два дена избувнале нови 1663 пожари. Според проценките, заклучно со 20 август, повеќе од 500,000 хектари биле уништени за 16 дена пожар во џунглата во Амазонија.
Сателитските слики евидентирале повеќе од 72.800 пожари во амазонскиот регион на Бразил помеѓу јануари и август оваа година.
Во пожарите се опустошени и големи области на шума во Парагвај и Боливија.