Полицијата во Белорусија уапси околу 20 демонстранти, кои повторно се собраа синоќа на плоштадот во центарот на Минск.
Протестите какви што не се паметат во Белорусија по големина и времетраење започнаа по претседателските избори на 9 август, на кои претседателот Александар Лукашенко го освои шестиот мандат.
Опозицијата смета дека изборите биле нерегуларни и бара Лукашенко да си даде оставка по 26 години на власт.