Исламската држава (ИД) соопшти дека воспоставила контрола врз нејзината „прва територија“ во Индија, пренесува „Ројтерс“. ИД тврди дека територијата ги опфаќа северните области Кашмир и Џаму, а исто така споделија дека наводно имале судири со индиските сили.
Минатиот месец, ИД сподели видео на кое нивниот лидер, Абу Бакр Ал-Багдади презеде одговорност за велигденските терористички напади во Шри Ланка, во кои загинаа над 250 луѓе.
Безсомнено, ИД гледа потенцијал во територијиите на Кашмир и Џаму, земајќи ги предвид долгогодишните тензии и судири меѓи муслиманското население и хиндуистичкото население.
– Постои можност ИД на овие територии повторно да ги постави темелите на нивниот Калифат, со оглед на тоа што тие ги загубија своите влијанија и моќта во Сирија и во Ирак – изјави Рита Кац, директорката на „Сајт интелиџенс груп“, компанија која надгледува и следи џихадистички организации на Интернет.
Ширењето на ИД не е ограничено само на териториијата на Индија. Во Малезија, полицијата во понеделникот уапси четири лица поврзани со ИД кај кои биле откриени експлозиви со кои планирале да нападнат верски храмови.
Шефот на полицијата на Малезија изјави дека станува збор за терористичка ќелија која планирала да убие познати јавни личности, како и да изврши напад на хиндуистички, христијански и будистички храмови во Малезија.
Во северен Ирак, пак, милитантни оперираат во планините и сѐ уште вршат киднапирања и убиства, година и пол откако беше прогласен поразот на Калифатот. Тие го застрашуваат локалното население и вршат изнуда на ист начин како за време на подемот на ИД.
Според ирачките разузнавачки служби, милитантите бројат од пет до седум илјади борци. Ирачките војници вршат редовни претреси на домовите на населението во потрага по борци кои се кријат меѓу жителите. Безбедносните сили веруваат дека две третини од населението во северот, што броело околу 25 илјади пред војната, биле членови или поддржувачи на Калифатот.
Раздорот и недовербата предизвикана од екстремизмот сѐ уште предизвикува недоверба и населението сега е поделено. Оние кои страдале од ИД и загубиле свои блиски се сомневаат во своите соседи за кои веруваат дека сѐ уште го поддржуваат враќањето на Калифатот. Постои и внатрешна поделба во семејствата, во кои одредени членови се против екстремните гледишта, додека други ги поддржуваат.