Новиот коронавирус, од кој починаа повеќе од 1.000 луѓе, доби име.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека официјалното име на коронавирусот е Ковид – 19. Називот се однесува на вирусот што се појави во 2019 година.
Коронавирусот се појави во кинескиот град Вухан на крајот на минатата година и се прошири во светот. Од него починаа над илјада луѓе, а десетици илјади се заразени.