Новиот каталонски лидер Ким Тора го реши спорот со Мадрид за идната влада, откако од составот на својот кабинет ги изостави претходно номинираните двајца поранешни министри сепаратисти кои се наоѓаат во затвор, и други двајца, кои се во егзил во Белгија, јави ДПА.
На претходно предложениот владин состав реагираше Мадрид, со оценка дека станува збор за провокација и одби да ја повлече одлуката на централните власти за директно управување со Каталонија.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека самоуправувањето на областа ќе биде вратено само откако Тора ќе назначи влада која ќе го почитува законот и е подготвена за сериозен дијалог.
Со одлуката да го промени составот на својот кабинет, Тора практично го деблокираше процесот за формирање на каталонска влада.