Во вооружени престрелки на индиската и пакистанската армија загинаа најмалку пет лица, информираше пакистанската армија, а пренесе „Дојче веле“. Пакистански извори потврдуваат дека загинале нивни војници, додека и нивниот противнапад резултирал со жртви кај индиската страна. За информациите нема потврда од официјални лица од Индија.
Зголемените тензии во регионот се резултат на одлуката на индискиот премиер Нарендра Моди да го прекине автономниот статус на регионот Џаму и Кашмир на 5-ти август.
Двете земји контролираат дел од спорната теротирија, но тврдат дека во целост им припаѓа само на нив. Регионот е точка на судир меѓу две земји кои располагаат со нуклеарно оружје, а поради неодамнешните судири, многу експерти стравуваат дека е можен поголем воен конфликт меѓу двете соседни земји.