Жителите на француската прекуморска територија во Тихиот Океан, Нова Каледонија денеска ќе гласаат на референдум за независност, како последен чекор во тридецениските обиди на локалните сепаратисти за создавање самостојна држава.
Гласачите треба да се изјаснат „Дали сакаат Нова Каледонија да стекне целосна сувереност и да стане независна“ држава.
Анкетите покажуваат дека околу две третини од жителите на Нова Каледонија ќе гласаат „против“ на референдумот.
Нова Каледонија, која има околу 280.000 жители, ужива високо ниво на автономија, но одбраната, полицијата, надворешната политика, правосудството и образованието се во надлежност на властите во Париз.