Новата палестинска влада вчера положи заклетва пред претседателот Махмуд Абас, а ќе ја предводи долгогодишниот мировен преговарач и висок функционер на партијата Фатах, Мухамед Иштаје.
Владата ќе има 24 министри, меѓу кои ќе биде и актуелниот министер за надворешни работи Ријад ал Малики, како и министерот за финансии Шукри Бишара.
Исламистичкото движење Хамас, кое управува со Појасот Газа, го нарече таквиот потег удар врз напорите за обединување.
– Ова е сепаратистичка влада, нема национален легитимитет и ги зголемува шансите за одвојување на Западниот Брег од Појасот Газа – се наведува во соопштението на Хамас.
Првата задача на Иштаје ќе биде да се позанимава со недостигот на финансиски средства на Палестинската национална управа, која има ограничено самоуправување по времениот мировен договор со Израел.