Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се изјасни за невин на судењето за обвиненијата за корупција, шест недели пред новите избори во земјата, пренесува „Ројтерс“.
„Го потврдувам писмениот одговор поднесен во мое име“, рече Нетанјаху пред советот на тројца судии во силно чуваниот окружен суд во Ерусалим, повикувајќи се на документ што неговите адвокати му го дадоа на судот минатиот месец, во кој се изјаснува дека е невин за примање мито, кршење на доверба и измама, соопшти агенцијата.
Нетанјаху беше обвинет во 2019 година во случаи кои вклучуваат и подароци од пријатели милионери и за наводно барање регулаторни услуги за медиумски тајкуни во замена за поволно известување.
Тој последен пат дојде на суд во мај на почетокот на судењето што подоцна беше одложено поради коронавирусот.
Нетанјаху го нарече процесот против него политички лов на вештерки.