Израел и Русија ќе работат заедно за да обезбедат повлекување на странските сили од Сирија, изјави премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху по враќањето од Москва.
– Претседателот Путин и јас се согласивме за заедничка цел – повлекување на странските сили од Сирија, кои дојдоа тука по избувнувањето на граѓанската војна. Се договоривме да формираме работна група, која ќе работи на оваа цел заедно со другите – рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер не даде повеќе детали за работната група, а официјалната Москва сé уште не излезе со коментар.
Нетанјаху, за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, истакна дека Израел ќе продолжи со нападите врз цели на иранските сили и Хезболах во Сирија.