Oсомничениот за убиство во јужниот романски град Каракал призна дека убил две тинејџерки, изјави неговиот адвокат вчера, во врска со случајот што предизвика бес низ целата земја, пренесува „Јуроњуз“.
Горге Динка (65), кој работи како механичар, беше уапсен поради смртта на две тинејџерки, Александра Макесану (15), која последен пат беше видена претходно оваа недела и Луиза Меленсу (18), која беше пријавена како исчезната во април.
– Тој ги призна фактите – изјави адвокатот на Динка, Богдан Александру, за новинарите.
Малолетната Макесану дури три пати го повикала европскиот број за итни случаи (112), кажувајќи дека е грабната од маж додека патувала со автостоп, за да се врати во своето родно село од блискиот град Каракал, на југот од Романија. Нејзиното семејство тврди дека надлежните на ја сфатиле сериозно ситуацијата, додека полицијата наведува дека ѝ биле потребни 19 часа за да ја лоцираат девојката поради несоодветната технологија.
– Ја анализирам можноста за повикување на референдум за се изјаснат Романците дали треба да имаме драстично построги казни за убиство, силување и педофилија – изјави Дансила пред новинарите.
Неколку илјади луѓе протестираа поради смртта на Макесану. Поради инцидентот, романскиот министер за внатрешни работи го отпушти шефот на полицијата.