Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун денес пристигна во Владивосток, во пресрет на средбата со претседателот на Русија Владимир Путин. Со црн шешир и долг капут, лидерот на Севернокорејците стапна на руското тло по скоро десет часови поминати во воз до неговата дестинација.
Необичниот стајлинг на Ким беше во центарот на вниманието на светската јавност, и како што напиша политичкиот аналитичар Иан Бремер на Твитер, тој наликува на мафијашки бос од 1920-тите години.
Kim goes Full Mobster in Russia pic.twitter.com/AcpMhNlUZc
— ian bremmer (@ianbremmer) April 24, 2019
– Доаѓам во Русија со топли чувства од моите луѓе. При мојата посета, добив топло добредојде и се надевам дека оваа посета ќе биде успешна и корисна. Исто така, се надевам дека преку преговорите со драгиот претседател Путин, ќе имам можност да разговарам за одредени проблеми за помирување на Корејскиот Полуостров и развивање на врската меѓу двете земји – кажа Ким во краткото интервју по неговото пристигнување.
Пристигнувањето на контроверзниот лидер на Северна Кореја во Русија е еден ден пред закажаниот состанок со претседателот Владимир Путин, како дел обидите на севернокорејската власт да го одбие притисокот на САД за откажување од нуклеарното оружје.