Четворица турски војници се убиени, а девет повредени во бомбашки напад на сириските владини сили на североистокот во провинцијата Идлиб, соопшти турското Министерство за одбрана.
Турските сили веднаш одговориле на нападот и уништиле цели во Идлиб, пренесува „Ројтерс“.
– Нападите на сириските владини сили се извршени против нашите сили испратени за да се спречи конфликт – се вели во соопштението.
Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, поддржани од Русија, неодамна напредуваа кон Идлиб, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот најави можно започнување на нова воена акција.