Неколку десетици луѓе загинаа денеска при уривање на вијадукт над Џенова, јавуваат италијанските медиуми.
Претставник на локалната итна служба рече дека има „десетици мртви“.
И пожарникарите потврдија дека има жртви по уривањето на вијадуктот Моранди околу 11:30 часот по локално време по поројните дождови.
Италијанската телевизија прикажа фотографии на урнатиот мост висок околу стотина метри кој беше изграден во 60-сеттите години на минатиот век во рамки на автопатот А10.
Вијадуктот беше обновен во 2016 година и минува над трговските центри, фабрики и станбени згради, железничката линија Џенова-Милано и реката Полчевера.
Еден сведок за телевизијата Скај Италија рече дека видел „осум или двете“ возила на вијадуктот кога тој се урнал вп „апокалиптична сцена“.
Министерот за сообраќај Данило Тонинели напиша на Твитер дека го следи развојот на настанот за кој се чини дека е „неизмерна трагедија“.