Швајцарија, дел од Германија и источна Франција беа погодени од силно невреме, со обилни дождови, кои парализираа дел од сообраќајот во Штутгарт, соопштија денеска локалните власти.
Засега нема извештаи за жртви во Германија, додека пет лица се повредени во Швајцарија.
Во Штутгарт се поплавени неколку тунели на подземната железница во предградијата, што предизвика делумно запирање на сообраќајот, соопшти градската полиција на југозападот на земјата.
Се очекува силно невреме во регионот, со налети на ветер до 100 километри на час, да се придвижат кон центарот и источно од земјата.
– Во моментов, возовите не можат да сообраќаат во регионот на Штутгарт – изјавија од Дојче Бан.
Силните налети на ветрот го оштетија покривот на Операта во Штутгарт, па претставите беа откажани.
Баварија, Рајнската област и Северна Рајна-Вестфалија исто така беа погодени од невремето, па според локалните власти имало многу пожарни интервенции.
Германската метеоролошка служба предвидува нови бури во другите региони на северот и истокот на Германија.
Во Франција, регионот Восгес исто така беше погоден од невреме.
Околу 60 сантиметри град падна одеднаш врз општината Пломбиерес-ле-Бан.
Француската метеоролошка служба издаде предупредувања за бура за целиот северо-исток на земјата.
Засега нема извештаи за повредени во Франција.