Водечкиот дневен весник на англиски јазик во Либан објави празно издание, во кое беа испечатени само политичките и економските проблеми со кои се соочува земјата во последните неколку месеци, објави Си-ен-ен.
Today's edition of The Daily Star Lebanon ✨ pic.twitter.com/hOdeIEp4fH
— Emily Lewis (@EmCLew) August 8, 2019
„Владата е во ќор-сокак“, „загадувањето е на алармантно ниво“, „јавниот долг е близу до 100 милијарди долари“ беа само дел од пораките во изданието на либанскиот „Дејли стар“, притоа на секоја страна од весникот имаше само по една порака. Според уредништвото, овој чекор е повик за будење на официјалните лица во земјата.
– Целта е да се алармира за сите проблеми и предизвици со кои се соочува нашата земја и да ги повикаме сите надлежни во Либан да се залагаат и да работат во насока на решавање на кризата – изјави Надим Ладки, главниот и одговорен уредник на „Дејли стар“.
Во последните години, малата африканска земја на Медитеранот се соочува со растечки јавен долг, проблеми со старата инфрастуркутра и политичка криза. Според Си-ен-ен, несоодветната работа на владата исто така предизвикала нестабилност на валутата и стагнација на економијата.