Со несреќата во близина на либискиот брег минатиот месец бројот мигранти кои ги загубија животите преминувајќи го Средоземното Море надмина 20 илјади, информира Меѓународната организација за миграции (ИОМ).
– Исчезнувањето и давењето на најмалку 91 лице кои се сметаат за исчезнати во несреќата северно од либиски Гарабули на 9 февруари, претставува последната несреќа на т.н. бродови-духови кои исчезнаа на рутата кон Европа, одземајќи стотици животи – кажа Франк Лацко, директор на Центарот за анализа на податоците за глобалната миграција.
Бродовите-духови се наречени и „невидливи бродоломи“, бидејќи во ваквите случаи не се спроведуваат акции за спасување, а луѓето на бродовите се сметаат за загубени на море.