Невада создаде историја, стана првата американска држава во чие Законодавно собрание ќе има мнозинство на женски пратеници.
Одборот на Комесарите во округот Кларк направија две назначувања кои ќе влезат во историјата, пренесува Хафингон пост.
Овој сооднос беше утврден вчера откако демократките Рошел Нгуен и Беатрис Дуран пополнија две слободни места во Долниот дом.
Во двата дома жените заземаат 32 од 63 места – девет во Горниот дом со вкупно 21 место и 23 во Долниот дом во кој има 42 места.
Оваа 2018 година беше голема година за жените во политиката, со рекорден број жени избрани во Законодавното собрание со историски и рекордни достигнувања.
Центарот за американски жени и политика на Универзитетот Рутгерс соопшти дека досега во ниту едно Законодавно собрание на некоја американска држава жените не биле мнозинство.
Други држави со висок процент на женски законодавци вклучуваат Алјаска, Аризона, Колорадо, Мејн, Орегон, Вермонт и Вашингтон.