Првата година од легализацијата на марихуаната во Невада ги надмина очекувањата на регулаторите во тој сектор.
Продажбата и даноците веќе ја надминаа прогнозата за целата фискална година за 25 отсто.
Продажбата би требало да надмине 500 милиони долари кога ќе се пресметаат податоците од јуни, со даночните приходи од околу 70 милиони долари, од кои 25 милиони се за училиштата.
Директорот на даночната служба Вилијам Андерсон изјави дека програмата за марихуана на Невада во другите држави каде е легализирана се смета за „златен стандард”.
Најголемата критика на сметка на легализацијата на „тревата“ дојде од пациентите кои користат марихуана за лекување. Тие тврдат дека широката легализација ги намалила залихите во амбулантите на најсилните производи од марихуана кои не можат да се продаваат за рекреативна употреба.