На 28 јуни Украина го одбележува Денот на Уставот

Наталија Задорожњук


На 28 јуни 1996 година Украина го потврди својот стремеж да изгради независна, демократска држава. Врховната Рада на Украина го усвои Уставот на Украина – основниот закон на украинската држава. Се разбира, Уставот нема вечен карактер, тој се усвојува од луѓе, па затоа може од нив да се менува. Особено денес, во преодно време, кога динамиката на трансформациите е многу брза и да се земат предвид сите проблеми и перспективи во основниот закон не е лесно. Промените, што се случуваат во која било држава, треба да се рефлектираат и во нејзиниот устав. Не е исклучок и Украина. Тоа е закономерен процес, својствен за сите цивилизирани држави.
Но уставните одредби, колку и да се напредни и демократски, самите по себе нема да го променат животот на подобро.
Денес, за да се претвори содржината во резултат, потребна ни е самопожртвувана работа на секого. Украинскиот народ е уникатен. Тој преживеа. Толкав број окупации, прогони и етнички чистења во светската историја издржаа малку нации. Украинците сета своја историја војуваат за независност и секогаш се подготвени да ја одбранат во кое било време, на кое било место.
Во нашето време Украина го поминува најтешкиот за време на својата независност тест – тест за единство и територијален интегритет. На таков важен ден за земјата, како што е Денот на Уставот, се прави сумирање на завршената работа, а нашите придобивки ќе ги посочиме понатаму во текстот.

Граѓанско општество
Во Украина функционира активно граѓанско општество. На одговорните државни должности дојдоа необичен број јавни активисти. Претставниците на општествените организации внимателно ја контролираат дејноста на власта, активно влијаат врз владините одлуки.

Реформирање на општеството
Се остваруваат фундаментални промени во судскиот систем. Можеби, ние би сакале тие да се остваруваат побрзо, но судовите не се менуваат за еден ден. За имплементација на реформите е потребно време, за да се добие нов судски систем, почесен, понезависен и поправеден.
Судската власт станува независна од политичарите. Судиите беа лишени од целосниот имунитет. Сега со согласност на Високиот совет за правда нив можат да ги повика на дисциплинска одговорност, изрече опомена или да ги отстрани, и дури да ги притвори. Создаден е нов Врховен суд. Донесен е Закон за Антикорупциски суд.
Активно се реформира образовната сфера, сферата на здравствената заштита, се остварува административната реформа, реформа на сферата на безбедноста и др.

Енергетската независност
Ја сведовме на минимум потрошувачката на рускиот гас. Почна да работи реверсот и сега лавовскиот дел од гасот Украина го купува во Европа. Така е поевтино и посигурно. Главното е дека Кремљ ќе го нема повеќе поводот, со кој постојано ја уценуваше Украина со години. Нуклеарната енергија останува основа на електричната енергија на Украина, успешно справувајќи се со поставените на неа задачи за сигурно и безбедно производство на електрична енергија. Украина активно развива алтернативна енергија, производство на енергија од обновливи извори. Само за 2017 година нивото на капацитетите на зелената енергија порасна скоро за четири пати. Најголемите стапки на пораст се баш во сончевите електроцентрали. Бројот на подигнатите капацитети во последните 3 години се зголеми за 60 отсто. Според прогнозите, обемот на инвестициите во алтернативната енергија во 2018 година во споредба со показателот за 2017 година ќе се зголеми за 25-30 отсто.

Економијата
На почетокот на руската воена агресија украинската економија почна да се ориентира на европски пазари, во прв ред на земјите од Европската Унија. Прогнозираниот раст на БДП во 2018 година е предвиден на ниво од 3 отсто, наедно со тоа Владата на Украина е уверена дека при ефективни внатрешни чекори и продолжување на соработката со меѓународните партнери, вклучувајќи и со ММФ, порастот може да изнесува до 5 отсто. ЕУ стана главен економски партнер на Украина: неговиот удел во надворешнотрговската размена достигна 41,3 отсто.

Украинската армија
Ние го познаваме непријателот во лице. Имаме руска воена агресија против нашата држава. За кратко време отворено посилниот агресор Украина успеа од ништо да израсне борбено способна армија, која го задржува. Ние создаваме супермодерна воена техника. Имаме уникатно борбено искуство. Војната во Донбас ги прероди украинските вооружени сили и ни даде уште еден повод за гордост. Силата на Украинците не е само во безграничната храброст и патриотизмот, туку и во вистински народниот отпор – едноставни граѓани, вчерашните топ-менаџери и денешните студенти отидоа да војуваат, се покажаа како професионални волонтери и логистичари, кои ја обезбедуваат армијата.

Надворешнополитичките приоритети на Украина
Главниот приоритет е одржување на солидарноста на цивилизираниот свет, меѓународната заедница во борбата против руската агресија за независност и територијален интегритет на Украина. Благодарни сме им на нашите партнери на земјите на Европската Унија, САД, Канада, Јапонија, Австралија, Норвешка, Албанија, Црна Гора за воведување политика на санкции во однос на Русија. Интеграција во Европската Унија. Имплементација на Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ останува главен приоритет денес. Интеграција во НАТО. За Украина стратегиското партнерство со НАТО е неодвоив составен дел на евроинтеграцискиот курс, бидејќи го дополнува процесот на внатрешните трансформации во државата во контекст на имплементацијата на Спогодбата за асоцијација меѓу Украина, од едната страна и Европската Унија, Европската заедница за атомска енергија и нивните држави-членки, од друга страна. Тоа ќе овозможи да се направи процесот на интеграција на Украина во европската и во евроатлантската заедница комплексен и сеопфатен.

Украина – Македонија
Две пријателски земји решително определени да ја интензивираат меѓусебно корисната билатерална соработка.
Заеднички надворешнополитички приоритети – членството во ЕУ и во НАТО, јасно придржување до основните принципи на меѓународното право, развој на демократско општество – тоа е основа за успешен развој на украинско-македонските односи. Политичка димензија – на 11-12 април 2018 година се случи прва за последните 14 години официјална посета на министерот за надворешни работи на Украина П. Климкин на Македонија, за време на која беа постигнати конкретни договори во сите сфери на билатералната соработка. Потпишана е заедничка декларација меѓу МНР на Украина и МНР на Република Македонија за заеднички надворешнополитички приоритети – членство во ЕУ и во НАТО и интензивирање на билатералната соработка, а исто така Спогодба за соработка меѓу дипломатските академии на Украина и на Република Македонија.Оваа година се планира да се потпише Спогодбата за безвизен режим меѓу Украина и Македонија врз постојана основа, што ќе даде можност да се создадат сите законодавни услови за слободни патувања на нашите граѓани, што значително ќе ја олесни меѓучовечката комуникација. Парламентарна димензија – на 21-23 ноември 2017 година се случи посета на парламентарната делегација на Украина на Македонија, која стана прва на парламентарно ниво од 2003 година. На 29-30 мај 2018 година се случи посета на парламентарната делегација на Македонија на Украина. Украинските и македонските пратеници активно и успешно соработуваат на меѓународните платформи, особено во ПАСЕ, ПА на ОБСЕ и други. Економската димензија – имаме позитивна тенденција на зголемување на билатералната размена на стоки. Според податоците на Државната служба за статистика на Украина, во 2017 год. вкупниот обем на трговијата со стоки и услуги меѓу Украина и Македонија се зголеми во однос на соодветниот период од 2016 год. За 16,4 отсто. Во првиот квартал на 2018 год. вкупниот обем на трговијата со стоки и услуги меѓу Украина и Македонија се зголеми во однос со соодветниот период во 2017 год. за 27,0 отсто.
Назначени се копретседатели на Меѓувладината комисија за трговско-економска соработка и Мешовитиот комитет за имплементација на Спогодбата за слободна трговија – трговскиот претставник на Украина, заменик-министерка за економски развој Наталија Микољска и министерката во Владата на РМ за странски инвестиции Зорица Апостолска. Во третиот квартал на 2018 година се очекува во Киев одржување редовна седница на Меѓувладината комисија за трговско-економска соработка и Мешовитиот комитет за имплементација на Спогодбата за слободна трговија.
Почнат е процес на внесување измени во украинско-македонската Спогодба за слободна трговија, за нејзина поголема либерализација, претежно во земјоделската сфера. Формирани се соодветни експертски групи.Регионалната соработка меѓу Украина и Македонија – воспоставени се побратимски врски со градовите Гевгелија (Македонија) и Ужгород (Украина), Крива Паланка (Македонија) и Перечин (Украина), Виница (Македонија) и Винница (Украина). Денес е во тек работата за воспоставување соработка меѓу Кратово (Македонија) и Коломија (Украина). Се случуваат посети и размена на делегации меѓу регионите. Културно-хуманитарна, образовна соработка – украински јазик и книжевност се предаваат на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Се одвива соработката меѓу националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и националната библиотека на Украина „Јарослав Мудриј“, се врши трансфер на литература за фондовите на установите. На 8 јуни о.г. во рамките на четвртиот меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ успешно настапија два детски колектива од Украина. Ова лето се очекува учество во Охридскиот меѓународен фестивал на светски познатиот Претседателски оркестар од Украина. Наскоро македонската јавност ќе има можност да се запознае со современи дела на украинските поети и писатели во превод на македонски јазик. Се подготвуваат и други настани во културната сфера. Убедена сум дека и Украина и Македонија, остварувајќи ги потребните промени, решително реформирајќи ги општествата, ќе станат полноправни членки на европските и на евроатлантските сојузи. Ние неповратно го избравме својот пат – патот на цивилизираните, европски земји со европски приоди и вредности, патот на демократијата.
Нека ни е честит Денот на Уставот!

(Авторката е амбасадорка на Украина во Република
Македонија)


Интересни факти за Украина

  1. Украинците, имено, конструкторското биро на Антонов, го разработи авионот со најголем капацитет на носивост во светот – „ан-225 мрија“. На негова сметка е апсолутниот рекорд на носивост – 253,8 тона. Авионот беше проектиран на Киевската фабрика за механика уште во 1984-1988 година. Првиот лет беше реализиран на 21 декември 1988 година. Денес „ан-225“ извршува комерцијални карго-превози во состав на авиотранспортната единица на АНТК „О.К. Антонов“ – авионската компанија „Антонов ерлајнс“.
  2. Автор на првиот во светот Устав – украинскиот политички и општествен деец Пилип Орлик. На 5 април 1710 год. него го избраа за атаман на запорошката војска. На тој ден Пилип Орлик го прогласи Уставот на правата и слободите на војската запорошка.
  3. Првата рамковна кошница беше измислена во Украина во 1814 год. од Петро Прокопович. Украина во последните години го задржува местото меѓу првите три светски лидери во производството на мед. Надминувајќи ги земјите од Европа по обем на производство на мед за неколкупати. Украина е истовремено прва во светот по производство на мед по
  4. За најстара образовна установа на Источна Европа се смета Киево-Могилјанската академија (1615 год.).
  5. Украина го зазема четвртото место во светот според бројот на граѓани со високо образование. Населението на Украина спаѓа во најобразованите, а бројот на луѓето со високо образование по жител е повисок од средноевропското ниво.
  6. За последните години украинските ИТ-стручњаци направија вистински чекор напред, покажувајќи се на светската сцена како лидери во областа. Сега Украина стекна слава не само како еден од главните даватели на услуги за аутсорсинг од програмирање, но исто така и во многу нешта како самостоен светски играч.
  7. На територијата на Украина е сконцентрирана една четвртина од сите резерви на црница на планетата. За време на Втората светска војна Германците дури ја извезуваа црницата со возови. Исто така, Украина зазема прво место во светот по извоз на сончогледово масло. Украина, исто така зазема второ место по САД по извоз на жито.