Во Русија е во тек референдум на кој може да се гласа и онлајн за промена на Уставот, што ќе му овозможи на претседателот, Владимир Путин, да се кандидира за нов мандат. Во првите 48 часа онлајн гласале 70 проценти од граѓаните, објави денеска службата за набљудување на гласањето.
Онлајн гласањето започна во четвртокот во 10 часот во Москва и ќе трае до вторник, 30 јуни.
Околу еден милион луѓе се регистрирале да гласаат во Москва, а скоро 140.000 во Нижни Новгород.
Со уставните измени се отвора патот за продолжување на владеењето на Путин за 12 години.