На денешен ден во 1956 година започна Кубанската револуција, кога Фидел Кастро со група истомисленици се истовари на брегот на Куба и ја започна борбата против диктаторот Батиста.
Преживеале само 19 герилци од истоварените, а меѓу нив биле Ернесто Че Гевара и Раул Кастро, останатите биле убиени или уапсени од кубанските безбедносни сили. Преживеаните во планинските предели создале база од која ги напаѓале малите воени пунктови со цел да обезбедат оружје за потребите на револуцијата.
Во почетокот, револуционерното движење на Фидел Кастро се залагало за демократија, а не за комунистичката идеологија. Во почетокот на 1959 година, Кастро со бунтовниците влегува во Хавана и ја презема власта.