Најмалку 61 лице загина во експлозија на автомобил-бомба во Сомалија рано утрово, соопшти владиниот портпарол.Над 50 лица се повредени и се пренесени во болница.
Ова е еден од најсмртоносните напади во главниот град на Сомалија, Могадишу. Меѓу повредените има деца и студенти.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.Сепак, во оваа област, ваквите напади се карактеристични за Ал-Шабаб, организација поврзана со Ал Каеда.