Најмалку 54 лица загинаа при експлозија на цистерна што превезувала бензин во Кап Хиена, вториот по големина град на Хаити.
Според податоците на Агенцијата за цивилна заштита, десетици се повредени и тие се во болница, јавуваат медиумите.
Медицинските власти упатија јавен апел до граѓаните да дојдат и да даруваат крв за повредените.
Премиерот на Хаити, Ариел Анри, се огласи на својот твитер-профил по повод оваа трагедија.
– Со очај, многу емотивно ја примив веста за експлозијата синоќа во Кап Хиена, во која загинаа десетици граѓани, а причинета е поголема материјална штета – напиша тој.